Направете си ја работата полесна.




Бањата е можеби најодвратната просторија за чистење – неопходно е да користите разни средства, да ги избришете плочките, тоалетната чинија … но со оваа природна мешавина, вашата бања може да заблеска за само неколку минути!
Потребни состојки:
- чаша течен сапун
- чаша бел оцет
- шише што распрскува и крпа




Постапка:
Ставете го оцетот да се загрее на тивок оган околу 3 минути, а потоа истурете го во шише со спреј, а потоа додадете течен сапун.
Добро измешајте, а потоа испрскајте на местото што треба да го исчистите.




Оставете да отстои една минута, така што ќе ја собере целата нечистотија и потоа само избришете ја со крпа!
Овој трик дефинитивно е вреден да се проба и им помогна на многумина – нема да ве разочара!






