Кафето и чајот се сосема различни, но имаат една алка која ги поврзува – кофеинот. Она што ги загрижува повеќето луѓе кога станува збор за кафе и чај е нивото на кофеин.




Нивото на кофеин во секој пијалок едноставно варира. Некои кафиња имаат различни нивоа на кофеин од други.
Според клиниката Маио, на пример, една шолја еспресо обично содржи 64 милиграми кофеин, додека стандардната шолја сварено кафе содржи 96 милиграми.
Додека пак, кога станува збор за чајот, просечната шолја црн чај содржи 47 милиграми кофеин, а шолја зелен чај со иста големина содржи само 28 милиграми кофеин.




Но, што значи сето ова и колку кофеин е премногу? Дали зелениот чај е подобар од кафето само затоа што содржи помалку кофеин?
Зелениот чај има бројни здравствени придобивки што го направија важен пијалок кога станува збор за здравјето со векови.
Зелениот чај содржи само 2 до 4% кофеин и е полн со антиоксиданси. Зелениот чај содржи и полифеноли кои помагаат при оток, воспаление, одржување на ‘рскавицата и спречување на дегенерација на зглобовите.




Ова го прави одличен пијалок за подобрување на општото здравје на луѓето од сите возрасти. Додека зелениот чај содржи неверојатни хранливи материи и полифеноли, тој исто така содржи и кофеин.
Кофеинот е класифициран како стимуланс и најчесто се користи за зголемување на будноста и концентрацијата.
Кофеинот, како и зелениот чај и кафето, има свои здравствени придобивки, но како и се друго, треба да се конзумира умерено.




Не треба да го преминеме прагот од 400 милиграми кофеин дневно, пишува The List.


