Алек Болдвин само три часа пред несреќата објави слика на Инстаграм под која напиша дека е многу уморен.




„Враќање во канцеларија, лично. Човече, исцрпувачки е“, стоеше под фотографијата која беше избришана по несреќата.
На фотографијата актерот беше во каубојски костим, а во едната рака држеше јакна, а во другата капа, а навистина можеше да се забележи дека на актерот му снемува енергија.
Непосредно пред својата објава на Инстаграм, Алек Болдвин преку face time разговарал со својата сопруга, која на својата приказна на Инстаграм потврдила дека Болдвин (68) изгледал премногу уморно и имал големи темни кругови под очите.




Да потсетиме, актерот ненамерно ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и ја рани режисерката Јола Соуза, која моментално се наоѓа на одделението за интензивна нега, додека го снимаше филмот за време на акциони сцени и ракување со огнено оружје.


