Зелката има почесно место во нашата култура и нашата исхрана бидејќи е евтина и здрава. Почнете да пиете сок од зелка, ќе се преродите.




Постојано се нагласува колку е важна зелката во исхраната, а кај нас овој зеленчук е евтин и го има преку целата година, поради што често е застапен на домашните трпези.
Тоа не е само омилено јадење од сарма или салата од кисела зелка во зима. За неговите лековити својства се знае многу, но малкумина знаат дека свежиот сок од овој зеленчук е вистински еликсир на здравјето.




Покрај голема количина на витамин Ц, зелката содржи и значително количество витамин К, манган, помало количество витамин Б6, калциум, калиум и тиамин, антиоксиданси холин, бета-каротин, индол, додека пак црвената зелка содржи поголема количина од овие лековити состојки од зелената.
Многу истражувања докажаа дека континуираната употреба на сок од зелка го намалува ризикот од дебелина, дијабетес, срцеви заболувања, но и го подобрува квалитетот на кожата, го подига нивото на енергија и промовира здраво слабеење.




Посебно благотворно делува на желудникот и стомачните проблеми како чир, а утврдено е дека поради големото количество антиоксиданси – сокот од зелка може да делува и превентивно против ракот.
Исто така, го намалува нивото на холестерол во крвта, добар е за анемични лица, содржи фолна киселина, поради што е пожелно трудниците да ја користат за правилен развој на плодот. Помага и при ревматизам и артритис, ја ублажува несоницата и депресијата.




Веројатно се прашувате дали постои болест или состојба за која зелката не е добра, но – одговорот е не! Можеме да ја наречеме д-р Зелка.
Рецепт за едноставен сок
Предуслов за правење сок од зелка е да имате соковник. Потоа само исечете ја зелката на поголеми парчиња, ставете ги во отворот за зеленчук и притиснете го капакот додека истекува сокот, а потоа додадете нов круг.




И не грижете се ако внесете мала количина сок, доволна е една чаша наутро на празен стомак за да почувствувате како се подобрува вашата општа состојба.
Значи, подгответе:
- 1/4 или 1/2 главица зелка
- 1/4 чаша вода




Ако сакате да му го подобрите вкусот на сокот, додадете еден или два моркови, а можете да додадете и јаболко или киви, ѓумбир, портокал, цвекло…


