Време е за лешници, односно за чај од лешници. Есента ја обележуваат јаткастите плодови, кои созреваат само во тоа време.




Така е и со лешниците, овошје кое му дава огромна енергија на организмот, ја подобрува концентрацијата и позитивно влијае на целиот нервен систем.
Изобилството на масло од лешник позитивно влијае на здравјето на срцето и крвните садови, а добро е и за нега на косата и кожата.




Според многу нутриционисти, пожелно е умерено внесување на лешници, до 30 грама дневно. Покрај плодот од кој има многу придобивки, здрава е и кората во која се наоѓаат лешниците. Од неа се прави чај кој помага при многу тегоби.
Чајот од кора од лешник има видно место во народната медицина, бидејќи од него се прават преврски за отворени рани предизвикани од проширени вени, а освен тоа, овој чај е добар и за лекување на хемороиди и инфекции на уринарниот тракт.






