Доколку патите од НЕСОНИЦА, исфрлете ЕДЕН тип на храна од Вашата исхрана

За време на менопаузата, жените кои јадат многу слатка храна и преработени житарки имаат поголема веројатност да страдаат од несоница, покажа едно американско истражување.

Голема американска студија која опфати жени во менопауза во средината на шеесеттите години покажа дека диететскиот гликемиски индекс директно влијае на проблемот со несоницата.

Жените со највисок гликемиски индекс во исхраната, што значи дека јаделе најмногу јаглени хидрати во форма на бел леб, слатки и засладени пијалоци, имале 11 отсто поголеми шанси за несоница од жените кои имале најнизок индекс.

Несоницата е уште една добра причина да се избегнуваат слатките и состојките со шеќер, освен контролата на тежината – наведуваат научниците на ова истражување.

Кога шеќерот во крвта брзо скока, телото реагира со ослободување на инсулин. Последователниот пад на нивото на шеќер во крвта може да доведе до скок на хормоните како што се адреналин и кортизол, што може да влијае на сонот.

Несоницата непропорционално ги погодува жените, покажа студијата чии резултати беа објавени во американскиот весник за клиничка исхрана.

Студијата покажа дека жените кои јаделе повеќе зеленчук, влакна и свежи парчиња овошје, наместо сокови, имаат помали шанси да развијат нарушувања на спиењето и несоница.

Иако целото овошје содржи шеќер, тие исто така содржат влакна, кои помагаат да се минимизираат скоковите на шеќерот во крвта, поради што овошјето има понизок гликемиски индекс.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...