Некои древни учења, како и астролози и спиритуалисти веруваат дека секој ден има своја симболика, дека е предодреден за одредени задачи или настани, но и дека има своја „боја“.




Деновите во неделата се именувани по планетите, односно боговите именувани по небесни тела, поради што некои древни учења, како и астролози и спиритуалисти веруваат дека секој ден има своја симболика, дека е предодреден за одредени задачи или настани, но и дека има своја „боја“.
Така, тие тврдат дека понеделник е ден на Месечината и дека тогаш не треба да се започне ништо важно, бидејќи Месечината е променлива. Понеделничката боја е бела или сребрена, па гардероба во овие тонови ќе ви „помогне“ да бидете поуспешни. Првиот работен ден е добар, велат, за одржување говори, за односи со семејството и пријателите, за цвеќе …
Вторник е „црвениот“ ден на Марс кога сме особено активни, борбени и енергични. Добро е за однапред договорени работи, важни состаноци и бизнис.




Во вторник задолжително облечете нешто црвено бидејќи тоа ќе ја поттикне енергијата и ќе ги разгори страстите.
Зелената среда е совршен ден за кратки патувања и секакви преговори. Денот на Меркур е одличен за дружење и забава, но најдобар за учениците, бидејќи читањето и учењето одат одлично.
Четврток, Денот на Јупитер, е одличен за потпишување договори и значајни зделки. Добро е за планирање, а особено за свадби! Велат дека Јупитер е добронамерен и затоа свадбата во четврток „гарантира“ долг и среќен брак. Жолтиот ден е добар и за гурманите!




Петок, е ден на Венера и треба да се биде посветен на семејството или партнерот, ден кога треба да сакате, да бидете сакани и да уживате. Одличен е и за одмор, шопинг, релаксација, дремење… Петок е розов, па упатените велат дека најверојатно тој ден ќе се заљубите.
Сабота, денот на Сатурн, носи предизвици, но и мудрост во решавањето на проблемите. Првиот ден од викендот треба да им помогнете на другите, да направите нешто добро, да ги завршите работите што долго ги одложувате, да се соочите со она од што се плашите.
Сабота е црна, па иако многумина токму тогаш излегуваат, забавата треба да се остави за уште еден ден. Недела е сончев ден, совршен за одмор. Златниот ден е идеален за моменти кои долго ќе ги паметите.






