Следното утро ќе видите дека вашите нокти станале посилни. Денес, веројатно нема ниту еден човек кој барем еднаш во животот не користел повидон јод.




Тој е одличен антимикробен агенс, кој се користи за дезинфекција на кожата, бидејќи делува против широк спектар на патогени агенси: бактерии, вируси и габи.
Но, не секој знае дека растворот на повидон јод може да се користи и како природно средство за раст и зајакнување на ноктите!
Со него за само еден месец можете да ги направите вашите нокти поцврсти, поздрави, да се ослободите од кутикулите и да го забрзате растот на ноктите.




Се што треба да направите е да нанесете раствор од повидон јод на ноктите навечер пред спиење, со помош на стапче за уши или да ги „лакирате“ со јод. Оставете да делува преку ноќ.
Наутро ќе видите дека вашите нокти впиле јод, па дури и на допир тие веќе станале посилни.
За да ги отстраните преостанатите траги од раствор од јод, користете обична паста за заби. Многумина веќе знаат дека пастата за заби, поради високата содржина на калциум, одлично делува на ноктите, ги избелува и зајакнува.




Така, тријте ги ноктите со паста за заби користејќи стара четка за заби или четка за нокти, а потоа подмачкајте ги рацете и ноктите со хранлива крема, а уште подобро со кокосово масло.
Постапката можете да ја повторувате 1-2 пати неделно, не почесто. Постапката повторувајте ја двапати неделно додека ноктите не престанат да апсорбираат јод кога ќе го нанесете.
Кога ќе забележите дека јодот наутро останува на вашите нокти, и повеќе не се апсорбира, тоа значи дека го има доволно во телото и треба да направите пауза.






