Три домашни лекови за раст на косата – стари и едноставни рецепти за побујна и подолга коса која расте брзо!




Доколку сакате вашата коса да биде долга, густа и бујна, можете да ги пробате рецептите кои ги користеле нашите баби. Тие не содржат хемикалии, а се направени од состојки кои веќе ги имате дома и се нанесуваат како маски или лосиони.
Исто така, тие не содржат скапи состојки, и се препорачуваат да ги користите барем еднаш неделно. Ова се рецепти со кромид, мед и јогурт за побрз раст на косата:




Рецепт со кромид: Излупете две главици кромид, исецкајте ги и ставете ги во блендер. Добиената смеса процедете ја преку газа и втријте ја течноста на корените на косата – внимателно измасирајте ја по целиот скалп.
Оставете да делува околу 15 минути, а потоа измијте се со вообичаениот шампон. За да го отстраните мирисот на кромидот, можете да ја измиете косата со шампон двапати, а на врвовите да додадете регенератор.




Мед за раст на косата: Измешајте 2 лажици мед со 1 лажица маслиново масло и малку млеко. Добро измешајте се за да се соедини, а потоа нанесете ги на скалпот со четка за боја.
Оставете го да делува околу 30 минути и потоа исплакнете го. Антиоксидансите, витамините и минералите од медот ќе ја нахранат вашата коса и ќе го поттикнат растот .




Маска од јогурт: Го балансира нивото на pH на скалпот и го регулира производството на себум. Измешајте 250 мл јогурт со едно изматено јајце или една испасирана банана.
Измешајте и нанесете на косата а потоа оставете да отстои околу половина час. Исплакнете и уште по првата употреба ќе видите како вашата коса може да блесне со посебен сјај.






