Освен правилната нега, за убавината е важно и како се чувствуваме како и што внесуваме во својот организам. Направете ладен чај за блескава кожа без брчки!




Секоја промена на расположението, грижата или среќата, љубовта… се рефлектираат во нашите очи, сјајот на кожата и светлата насмевка.
За да бидеме убави однадвор, треба да се грижиме за нашите мисли , да бидеме оптимисти,расположени, но и да внимаваме што јадеме и пиеме , колку спиеме , како го поминуваме слободното време.




Нема подобар начин да се опуштите од утрото поминато на отворено со читање книга и освежителен пијалок.
Доколку барате нешто што ќе го поддржи здравиот начин на живот и во исто време ќе делува како еликсир за убавина, ви донесуваме рецепт за ладен чај кој е полн со антиоксиданси и додатоци за ревитализација на кожата.




Потребни состојки
- 1 шолја разладен зелен чај
- 1/2 чаша незасладен сок од вишна
- 1 доза колаген
- неколку коцки мраз, по желба
Направете го зелениот чај и ставете го во фрижидер. Кога чајот ќе се олади, додадете му половина шолја незасладен сок од вишни и промешајте.




За посладок вкус додадете малку мед. На крајот додадете кесичка колаген и се убаво измешајте. Додадете мраз и послужете.


