Пет трикови за рачно перење алишта – еве како да ја перете и сушите, без да ги оштетите и најнежните ткаенини!




Хемиското чистење не е најдоброто решение за осетливата облека, рачното перење е одличен начин да ја зачувате вашата облека и да заштедите и вода и пари. Ви претставуваме 5 одлични трикови за рачно перење алишта.
1. ЧИСТЕЊЕ НА ДАМКИ
Ако облеката е извалкана, чистете ја со обичен отстранувач на дамки пред перење. Само не заборавајте да бидете нежни со тоа.




Немојте веднаш по нанесувањето на чистачот да ја истрлате дамката, попрво дозволете му на чистачот да остои и тогаш тој сам ке си ја заврши работата.
2. ДОДАЈТЕ ВОДА И ДЕТЕРГЕНТ
Наполнете леген со вода на собна температура и додадете мала количина течен детергент за перење на алишта. Потоа промешајте ја течноста со рака за детергентот да се раствори во водата.




3. ПОТПУВАЊЕ
Потопете ги алиштата и нежно измешајте ги со рака за да го поттикнете детергентот да работи. Не дозволувајте облеката да стои во вода повеќе од триесет минути, особено свилата, бидејќи ќе почне да се собира.
4. ПЛАКНЕЊЕ
Честа грешка што луѓето ја прават е да ја исплакнат облеката под чешмата, бидејќи млазот со вода може да ја истегне ткаенината. Наместо тоа, ставете ја во цедалка или искористете го тушот за да ја испрскате облеката со ладна вода.




5. СУШЕЊЕ
За да се исцеди вишокот вода, долната облека и фините парчиња облека никогаш не треба да се тресат или агресивно да се стискаат, бидејќи ткаенината може да ја изгуби формата и да се оштети.
Наместо тоа, нежно стискајте ја облеката со рацете и ставете ја на крпа за да се исуши и да го впие вишокот вода.




Не ги закачувајте на штипки алиштата и не ги ставајте во машина за сушење бидејќи може да ја изгубат формата и да се оштетат. Наместо тоа, поставете ги нежно вертикално на решетката за сушење алишта.


