Целерот се смета за растение кое има моќ да го спречи хроничното воспаление во организмот, за кое не сме ни свесни, а кое со текот на времето може да предизвика дијабетес, па дури и Алцхајмерова болест.




Соединението 3-N-бутилфталид, со кое е богат целерот, е ефикасно за одржување на нормално ниво на холестеролот. Во исто време, го намалува нивото на лошиот холестерол.
Неодамнешните истражувања покажаа дека исхраната богата со целер го зголемува бројот и подвижноста на сперматозоидите, а може да го зголеми и нивото на сексуална возбуда.




Целерот е совршена храна која треба да се додаде во исхраната доколку постои желба да се одржи или да се постигне витка линија, бидејќи плодот и стеблото содржат многу малку калории.
Коренот од целер го намалува шеќерот во крвта, а поволно делува на хормоните и успешно ја регулира менструацијата.




Лековитите својства на целерот се потврдени во лекувањето на низа болести кои се јавуваат како последица на стрес, а делотворен е и кај астма, настинка и болки во грлото.
Освен што спречува надуеност и проблеми со варењето, го елиминира и лошиот здив. Сокот од целер е вистински еликсир бидејќи сите активни состојки на ова лековито растение брзо стигнуваат до крвотокот.




Покрај здравствените придобивки, овој напиток може да се користи и како помош во лекувањето на ревматизам, гихт, артритис, отоци поврзани со кардиоваскуларни болести, камења во бубрезите и мочниот меур, инфекции на уринарниот тракт, како и во регулирање на вишокот килограми.
Прво изрендајте го стебленцето и коренот на целерот, а потоа исцедете го сокот. Можете да го зачините со неколку капки лимон и малку мед.






