Афирмации за време на затемнувањето на Сонцето на 4 декември – еве кои зборови треба да ги кажете!




Затемнувањето на Сонцето и младата Месечина во Стрелец на 4 декември ни носат навистина посебна енергија. Ова е едно од најмоќните затемнувања што можеме да ги почувствуваме и набљудуваме.
Може да биде тешко бидејќи интензивната енергија бара ненадејни промени и прилагодувања. Меѓутоа, ако се справиме со оваа ситуација, ќе можеме да најдеме важни лекции и нови сознанија.
Можеме да се спротивставиме на негативната енергија со создавање намери. Иако затемнувањето на Сонцето не е најидеалното време за манифестација, според астролошката гледна точка, можеме да се охрабриме, да поставиме намери и планови и да се мотивираме да ги надминеме предизвиците.




Размислете што сакате да кажете, нека дојде од место на љубов, вистина и добрина, а потоа видете како се чувствувате, водени да споделите се што е во вашето срце.
Еве неколку афирмации за време на затемнувањето на Сонцето кои можат да ве мотивираат да ја отфрлите негативноста и да привлечете радост и сила:
- Среќна сум затоа што го пуштам она што не можам да го контролирам, а во раце го земам она што е во моја моќ.
- Ја вложувам мојата енергија во сегашниот момент.
- Знам дека сите чекори што ги преземам денес кон мојата цел ме водат во вистинската насока.
- Мудро ја трошам менталната енергија и избегнувам непродуктивни мисли.
- Ја прифаќам целосната одговорност за минатото и учам од моите грешки.
- Ги прифаќам промените и ги поздравувам предизвиците.
- Подготвена сум ако доживеам неуспех, бидејќи неуспехот е едноставно шанса да се подобрам.






