Фенг шуи – Ова нешто во домот штити од темна енергија…




Порано го користеле како заштита од магии! Употребата на кристали од скапоцени камења за енергетско прочистување може да се најде во различни култури.
Во фенг шуи и кристалотерапијата се издвојуваат љубовните кристали, како розовиот кварц или кристалот за пари, на пример жад, но еден камен има посебно заштитно дејство против лошите мисли и темната енергија.




Тигарско око – автентичен камен кој има приземна и заштитна енергија, а со своите пруги и бои наликува на тигар, едно од најмоќните, најбрзите и најсилните животни на планетата.
Античките цивилизации го носеле овој камен како талисман бидејќи верувале дека штити од магии и клетви.
Денес, тигарското око е камен на заштита од лоша енергија, но помага и за стекнување самодоверба, постигнување цели, храброст, носење полесни одлуки и преземање важни животни потези.




Карактеристики на тигарското око:
Боја – златна, црна, кафеава, сина, розова, црвена
Чарка – корен, соларен плексус
Број – енергетски вибрации во согласност со број 4
Планета – Сонце, Земја
Зодијак – најпогоден за знакот Јарец и Лав
Багуа област – ли – препознавање, таи чи – здравје




Извор: Мексико, САД, Индија, Австралија, Јужна Африка.
Елементи – земја и оган
За кои цели се користи тигарското око?
Овој камен помага во препознавање на нови идеи и креативни решенија. Неговото дејство ви помага да се изолирате од проблемите и да го погледнете светот од посветла страна.




Во фенг шуи се користи за појасно согледување на работите, читање енергија и заштита, но одлично влијае и на привлекување успех, самодоверба и добар статус.
Тигарското око е камен на самопочит, мотивација за постигнување цели и деловен напредок. Тоа ви дава храброст да влезете во некои нови, непознати ситуации и да имате корист од сите деловни активности.




Дејството на тигарското око може да се карактеризира со три збора – заземјување, стабилност и заштита.
Најдобро е во домот тигарското око да го чувате во здравствениот сектор, што можете да го процените врз основа на картата на багуама. Но, можете да го ставите во работниот простор и да го држите на маса за успех и напредок.




Доколку сакате да го искористите заштитното дејство на овој камен, ставете го во ходникот или предсобјето, во близина на влезната врата, за да ја прочистите енергијата и да го заштитите домот од токсични вибрации.


