Знаете дека орхидеите цветаат од 2 до 6 месеци, но ако ги направите овие 9 работи, овие цвеќиња ќе цветаат цела година. За да имате орхидеја која постојано цвета во вашиот стан, мора да ги следите овие чекори:




1. Дознајте ја возраста на орхидејата пред да ја купите
Орхидеите цветаат на возраст од 1,5 до 3 години. Возрасно растение, кое е подготвено за цветање, треба да има 5 до 8 пука.
Ако растението е младо и процветало, тоа не е добро. Премногу младото растение нема доволно сила да се опорави од цветањето, па може да се исуши или изгние.




2. Не го поместувајте
Преместувањето на орхидејата од место до место е вистински стрес за неа. Овој цвет не сака ниту мали движења. Орхидејата реагира на положбата во однос на светлината.
Доколку сте го преместиле за полевање, мора веднаш да го вратите на идентично место. Поместувањето негативно влијае на цветањето.




3. Обрнете внимание на корените
На корените на орхидеите им е потребна и светлина. Наместо керамички садови, многу е важно да се користат пластични пропустливи садови кои ќе му овозможат на коренот да учествува во процесот на фотосинтеза.
4. Грижете се за светлината
Сончевата светлина е многу важен фактор кој влијае на цветањето на орхидеите. На орхидеите им е потребна дневна светлина од 10 до 12 часа на ден, во спротивно нема да цветаат. Ако цвеќињата немаат природна светлина во есен или зима, мора да ги осветлите со светилки.




5. Соодветна температура
За да може орхидејата да процвета, ноќната температура треба да биде за 4 до 6 степени пониска од дневната.
Во текот на летото, пожелно е орхидејата да се чува на отворено, додека во зима просторијата во која престојува орхидејата мора да се вентилира. Но, бидете внимателни – орхидејата не сака промаја!




6. Наводнете ја орхидејата правилно
Пред и за време на цветањето, орхидејата треба да се наводнува со прекини. За време на периодот на мирување, полевајте ја орхидејата на секои 12 дена.
Ако листовите и се бледи, оставете ја малку да одмори. Кога ќе ја поливате, потопете ја во вода и оставете ја час до два. Потоа добро исцедете го вишокот вода и вратете ја орхидејата на своето место.




7. Влажност
Друг важен услов за цветање на орхидејата е влажноста. За да ја зголемите влажноста, ставете чинија со вода до орхидејата. Во текот на зимата, кога е вклучено греењето, прскајте го растението со вода. Орхидејата сака влажност до 60%.
8. Изберете го вистинското ѓубриво
Орхидејата сака калциум и фосфор, бидејќи го поттикнува цветањето. Не ја полевајте орхидејата со ѓубриво на база на азот, тоа само ќе ја уништи.




9. Орхидејата мора да се исплаши
Потребен е малку стрес за да ви процвета орхидејата! Да, добро слушнавте! Мора да го направите ова ако орхидејата ги има сите услови и никогаш не цвета.
Ова се случува затоа што орхидејата е премногу добра. Затоа мора малку да и се „заканувате“, да ја шокирате: намалете го наводнувањето или преместете го растението на поладно место!




Забелешка: Кога орхидејата ќе престане да цвета, мора да се грижите за неа на ист начин како во фазата на цветање.
Се пресадува по 2 до 3 години, а кога корените ќе почнат да и „излегуваат“ од саксијата. Исто така, орхидејата не сака „удобна“ саксија, па затоа при пресадувањето внимавајте да е помала саксија која ќе ги држи корените блиску еден до друг.






