Без разлика што не ви е топло, не се потите, терморегулацијата на телото е нормална, стапалата постојано ви се испотени и влажни.




Природата има решенија за оваа непријатност
Доколку ве мачи непријатниот мирис на стапалата, купете обувки од природна кожа, која по можност не е премногу исончана или обоена, бидејќи овие процедури ги затвораат порите и го спречуваат дишењето, како за чевлите, така и за вашите стапала.
Носете само чорапи од природни влакна и носете еден пар чевли само еден ден. Потоа оставете да отстојат два дена за целосно да се исушат и да се ослободите од бактериите.
Покрај редовната хигиена, подгответе специјална бања за нозе:
Рецепт
- даб, кора 50гр
- орев, лист 50 гр
- дабови желади 50 гр




Подготовка:
Во четири литри врела вода ставете 70 гр од смесата и варете на тивок оган 10 минути.
Начин на употреба:
Кога ќе се излади, чувајте ги стапалата со нефилтриран чај околу 30 минути, а потоа оставете ги стапалата сами да се исушат. Носете памучни чорапи.


