Доколку барате природен начин за чистење, имаме лесно достапно решение – лимон. Има широк спектар на примени и може да се користи на било која површина освен на дрво.




Чистење со лимон
Лимонската киселина делува како природно средство за чистење, па затоа може да замени многу средства за чистење.
Даски за сечење
За да отстраните дамки од дрвени или пластични даски за сечење, преполовете еден лимон и истријте ја даската со него. Потоа оставете 20 минути. Киселината делува на дамките така што тие побрзо ќе се растворат и исчезнуваат.
Користете го како средство за одмастување
За да направите природен спреј за одмастување, измешајте 2 чаши вода, 2 лажички свеж сок од лимон, 1/2 лажичка сапун и 1 лажичка сода бикарбона во шише со спреј и добро протресете.




Исчистете ги садовите за храна
Најлесен начин да ги исчистите пластичните садови од дамки е со лимон. Исто така, исечете го лимонот на половина и истријте го садот од едната страна. Потоа оставете ги садовите да се исушат и измијте ги на вообичаен начин.


