Јадете темјаника и пијте црвено вино бидејќи го намалуваат ризикот од тромбоза

Според бројни студии спроведени низ светот, потемните сорти на грозје го намалуваат ризикот од срцеви заболувања така што ги опуштаат крвните садови и на тој начин го олеснуваат протокот на крв.

Овој корисен ефект го обезбедуваат супстанциите наречени антиоксиданси, кои ги има во изобилство во семките и лушпите на грозјето, особено во хамбург, темјаника, црната бургундија, каберне совињон, црната рибизла, конкорд.

Јадете грозје додека трае
Затоа нутриционистите препорачуваат два до три оброци свежо темно грозје во текот на сезоната, бидејќи оваа количина ги обезбедува потребните „дози“ на корисни антиоксидантни материи.

Иако грозјето најчесто се поврзува со вино, неодамнешните студии покажаа дека соковите направени од грозје од некои потемни сорти, исто така, можат да обезбедат заштита од срцеви заболувања.

Најкорисните ефекти од конзумирањето на сок од грозје се забележани во намалувањето на ризикот од згрутчување на крвта, намалувањето на нивото на лошиот ЛДЛ холестерол, спречувањето на оштетување на крвните садови во срцето, како и одржувањето на здрав крвен притисок.

Црвеното вино е здраво
И црвеното вино и сокот од темно грозје содржат антиоксидантни флавоноиди, кои се покажаа како многу ефикасни во зголемувањето на нивото на добриот, односно HDL холестеролот и во борбата против атеросклероза, односно затнати артерии и висок крвен притисок.

Сепак, внимавајте со виното, бидејќи сепак се работи за алкохол и држете се до препораките – една чаша дневно за жени и до две за мажи.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...