Зимски пијалок кај кој е важен РЕДОСЛЕДОТ на приготвување и изборот на ЗАЧИНИ: ГРЕАНО ВИНО по рецепт на Џејми Оливер

Џејми Оливер знае како да го направи највкусното греано вино.

Греаното вино е еден од омилените зимски пијалоци бидејќи влијае на расположението и го загрева телото. Слаткиот вкус и божествената арома на греаното вино придонесува овој пијалок да го пијат и оние кои не се љубители на вино.

Може да се подготви од само три состојки или да се експериментира за да се добие совршен вкус. Познатиот готвач Џејми Оливер го открива својот рецепт за најдоброто домашно греано вино.

Неговата тајна е во внимателно одбраните зачини кои ја засилуваат аромата, како и во начинот на подготовка кој бара трпение и внимателно следење на редоследот на храната. Греаното вино треба малку да се свари за да се стопат сите вкусови.

Рецепт на Џејми Оливер за греано вино
Состојки:

  • 2 шишиња црвено вино
  • 1 лимон
  • 1 лимета
  • 2 клементини
  • 200 гр шеќер
  • 6 каранфилчиња
  • стапче цимет
  • малку ванила
  • 2 гранчиња анасон
  • цело морско оревче
  • 3 ловорови листови

Подготовка:

За почеток, излупете ја кората од лимон, лиметата и клементините. Потоа ставете го шеќерот да се грее, а потоа додадете ја кората и исцедениот сок од клементина.

После тоа, во смесата додадете каранфилче, цимет, ловоров лист и рендано морско оревче. Додадете ја ванилата, па истурете ја количината на вино да го покрие шеќерот.

Кога ќе зоврие, оставете го напитокот да се готви околу 5 минути, додека не стане густ сируп. Шеќерот и зачините прво треба да се загреат малку, бидејќи ако се загреат по додавањето на виното, алкохолот ќе испари.

Кога ќе се формира сирупот, намалете ја температурата и додадете го анасонот и остатокот од виното. Грејте го виното на тивок оган и по пет минути истурете во чаши, декорирајте по желба и уживајте во вкусот.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...