Џејми Оливер знае како да го направи највкусното греано вино.




Греаното вино е еден од омилените зимски пијалоци бидејќи влијае на расположението и го загрева телото. Слаткиот вкус и божествената арома на греаното вино придонесува овој пијалок да го пијат и оние кои не се љубители на вино.
Може да се подготви од само три состојки или да се експериментира за да се добие совршен вкус. Познатиот готвач Џејми Оливер го открива својот рецепт за најдоброто домашно греано вино.




Неговата тајна е во внимателно одбраните зачини кои ја засилуваат аромата, како и во начинот на подготовка кој бара трпение и внимателно следење на редоследот на храната. Греаното вино треба малку да се свари за да се стопат сите вкусови.
Рецепт на Џејми Оливер за греано вино
Состојки:




- 2 шишиња црвено вино
- 1 лимон
- 1 лимета
- 2 клементини
- 200 гр шеќер
- 6 каранфилчиња
- стапче цимет
- малку ванила
- 2 гранчиња анасон
- цело морско оревче
- 3 ловорови листови
Подготовка:




За почеток, излупете ја кората од лимон, лиметата и клементините. Потоа ставете го шеќерот да се грее, а потоа додадете ја кората и исцедениот сок од клементина.
После тоа, во смесата додадете каранфилче, цимет, ловоров лист и рендано морско оревче. Додадете ја ванилата, па истурете ја количината на вино да го покрие шеќерот.




Кога ќе зоврие, оставете го напитокот да се готви околу 5 минути, додека не стане густ сируп. Шеќерот и зачините прво треба да се загреат малку, бидејќи ако се загреат по додавањето на виното, алкохолот ќе испари.
Кога ќе се формира сирупот, намалете ја температурата и додадете го анасонот и остатокот од виното. Грејте го виното на тивок оган и по пет минути истурете во чаши, декорирајте по желба и уживајте во вкусот.






