Ловоровиот лист не треба да се користи само во готвењето.




Иако ловоровиот лист најчесто се користи како додаток во јадењата, не треба да го игнорираме фактот дека ова растение е исклучително лековито.
Ловоровиот лист може да помогне при гадење, замор и регулирање на шеќерот во крвта. Една студија покажа дека консумирањето 3 грама ловор дневно го намалува нивото на гликоза кај луѓето со дијабетес тип 2.




Покрај тоа, ова растение го забавува стареењето, делува смирувачки, а особено е ефикасно за респираторни проблеми, бидејќи помага за исфрлање на слузта од белите дробови.
Рецепт за чај од ловоров лист
Чајот од ловоров лист е одличен како лек за сите видови кашлица бидејќи делува смирувачки на слузокожата на грлото и душникот. За да го подготвите потребни се 250 мл вода и 4-5 ловорови листови.




Листовите од суви или свежи ловорови листови ставете ги во сад и прелијте ги со 250 мл ладна вода. Кога водата ќе зоврие, чајот треба да се вари уште 5 минути.
Оставете го чајот покриен уште 10 минути, пред да го испиете, па процедете го. Листовите имаат многу ароматичен, горчлив и силен вкус, поради што во чајот можете да додадете малку сок од лимон или мед.






