Акупресура за здравје – Еве 4 точки на телото кои треба да ги масирате секој ден!




Најдобрите точки за секојдневна акупресура
Хе Гу – Долина на спојување – ЛИ 4
Оваа точка можете да ја најдете помеѓу палецот и показалецот. Стимулирањето на оваа точка го намалува стресот, главоболките и болките во вратот.
Може да предизвика контракции и не се препорачува за трудници. Со показалецот и палецот цврсто притиснете го пределот помеѓу палецот и показалецот од другата рака.
Масирајте ги двете раце 2-3 минути.
Неи Гуан – ВНАТРЕШНА порта – PC 6
Измерете ја ширината на трите средни прсти од линијата на зглобот помеѓу двете големи тетиви на раката.




Притиснете во вдлабнатината помеѓу тетивите со палецот и енергично масирајте ги двете раце 3-5 минути на ден. Стимулацијата на оваа точка може да помогне да се намалат чувствата на анксиозност, а истовремено да се ублажат гадењето и болката.
Зу Сан Ли – Три милји нозе – ST 36
Оваа точка се наоѓа четири прста под капачето на коленото, во ширина на еден прст од надворешната страна на тибијата, најдете мала вдлабнатина во тој дел. Притиснете и масирајте енергично.
Стимулацијата на оваа точка може да помогне во зајакнувањето на имунитетот, усогласувањето на енергијата во телото, подобро варење итн… Оваа точка се вели дека е магична.






