Лековит квасец од цвекло – еве како да го направите! Квасецот од цвекло е многу корисен, содржи компоненти кои ја активираат работата на црниот дроб, бубрезите и цревата.




Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека консумирањето квасец од цвекло го спречува развојот на тумори, го чисти црниот дроб, телото од токсините и другиот „отпад“, го елиминира запекот и другите цревни проблеми.
Руската традиционална медицина го смета квасецот од цвекло за најдобар немедицински лек за хипертензија, бидејќи го нормализира крвниот притисок (го намалува) на подолг временски период и е корисен при атеросклероза.




Рецепт:
Потребни состојки:
- Стаклена тегла од 3 литри (подобар е глинениот сад, ако имате)
- 700 гр цвекло (приближно 3 свежи цвекла со средна големина)
- 2 лажици брашно или 2 парчиња ржан леб
- 200 гр шеќер
- 100 гр суво грозје




Начин на подготовка:
Земете свежо измиено цвекло и исечете го на коцки или тенки парчиња и ставете го во чиста тегла. Додадете суво грозје, 2 лажици брашно и 200 гр шеќер. Наполнете ја теглата со ладна провриена вода и промешајте.
Затворете ја теглата со капак или уште подобро завиткајте ја со дупла газа и оставете ја на топло место 6-7 дена да ферментира. Измешајте ја содржината на теглата двапати дневно и отстранете ја пената доколку е потребно.




По 7 дена процедете ја смесата низ газа и ќе добиете квасец од цвекло. Пијте 3-4 лажици 3 пати на ден пред јадење. Чувајте го квасецот во фрижидер.
Овој метод го користат лекарите во некои болници во Киев и Луганск, бидејќи покажа одлични резултати не само за чистење на црниот дроб, туку и на целиот организам. И како одличен лек за хипертензија и атеросклероза.




Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно, пауза од 3 месеци и повторете го третманот по трет пат.
Постојат и контраиндикации:
Квасецот не се препорачува за оние кои имаат заболени бубрези, проблеми со гастроинтестиналниот тракт во акутната фаза и гихт. Во секој случај, важно е да се консултирате со лекар пред да го користите овој природен лек.






