Ловоровиот лист може да помогне да се зачува обоената облека и да се врати во првобитната боја.




Постојат многу употреби на зачините за други цели освен за готвење. Таков е случајот со ловоровиот лист.
Ако го ставите овој зачин во машината за перење, ќе ја зачува бојата на облеката, а избледениот изглед ќе го врати на првобитниот изглед.
Ловоровиот лист можете да го ставите директно во машината за перење, но многу подобар ефект ќе добиете ако го ставите ловоровиот лист во леген со вода и потоа да ја натопите бојадисаната облека.




Во зависност од количината на алиштата, земете неколку или десетина ловорови листови, ставете ги во вода и варете во тенџере. Кога таа вода малку ќе се олади, по 20-30 минути натопете ја облеката во неа и оставете ја да отстои неколку часа.
За подобар ефект, одвреме-навреме треба рачно да ги мешате алиштата. Потоа добро исцедете ја облеката и изперете ја како и обично во машина за перење или на рака.


