Благодарение на еден производ од кујната, можете да ги отстраните и најупорните дамки од гардеробата.




Една од најтврдокорните дамки кои тешко се отстрануваат од облеката се мрсните дамки, особено кога се работи за синтетичка облека.
Гардеробите кои содржат полиестер се чувствителни, па затоа се препорачува перење на пониски температури кои не можат да ги отстранат дамките од маснотиите или маслото.




Сепак, благодарение на една намирница и моќна алатка од кујната, таквите дамки може да се отстранат без да се оштети ткаенината.
Потребно е на мрсната дамка да посипете малку сол или вештачки засладувач за да не се стврдне дамката. По неколку минути исплакнете ја дамката со вода и нежно втријте го детергентот за садови на извалканото место.




Потоа ставете ја валкана блуза или кошула во машината за перење и изперете ја на стандардна програма и мрсната дамка ќе исчезне.


