Забавувајте се и направете ја најубавата празнична погача досега!




Состојки: 200 гр брашно, 3 лажички сол, 110-120 мл топла вода.
Подготовка: Измешајте брашно, сол и вода, па со рака замесете убаво еластично тесто. Покријте го со најлонска фолија и оставете да отстои малку. Кога малку одстои, време е да направите украси.
Тестото со сукало развлечете го на дебелина од 8 до 10 милиметри, па прво направете го традиционалниот симбол ИС ХС НИ КА кој ќе го добиете така што ќе исечете квадрат тесто, а потоа ќе ги втиснете буквите со дрвен печат.




Потоа со помош на нож исечете го крстот, најпознатиот симбол на верата и со помош на калап во облик на срце најлесно ќе направите китка, симбол на родната година.
Во видеото погледнете како лесно да направите украс во форма на книга која ја претставува Библијата.
Потоа направете птица која е симбол на здравје и радост, роза како познат симбол на убавината на душата и децата, лисја и буриња кои ја одбележуваат и годината на раѓање и пченицата, познатиот православен симбол на новиот живот…




Забавувајте се и направете ја најубавата празнична торта досега!


