Со овие 3 фенг шуи амајлии се верува дека ќе имате среќа и ќе имате пари ако ги носите!




Постојат различни фенг шуи амајлии за кои се верува дека привлекуваат пари, среќа, љубов и позитивна енергија. Некои од нив се чуваат во куќата на полици или „багуа“ места или на канцелариски бироа, а има три за кои се верува дека секогаш треба да бидат со вас.
Многу луѓе од кај нас на патувањата купуваат една од овие амајлии како сувенир, но не знаат за неговото значење. Еве за кои 3 фенг шуи амајлии се верува дека треба да ги имате кај себе:




1. Кинески монети
Тие го симболизираат соединувањето на небото, земјата и човекот. Се верува дека носат просперитет, професионален успех, здравје, задоволство и изобилство.




Кинеските монети може да се користат во групи од три, пет, шест, осум, девет или десет монети врзани со црвен конец. Никогаш не користете четири бидејќи се смета за лоша среќа.
Тие можат да се закачат на мобилни телефони, да се стават во саксии, па дури и да се носат во паричник за да се активира просперитетот.




2. Фатмино или турско око
Фатминото око, исто така наречено турско око или Назар, се користи како амајлија во различни култури, вклучувајќи ја и традицијата на фенг шуи. Многумина од нас го купуваат на туристичките дестинации и го користат како украс.
Се верува дека штити од завист, љубомора, лоша енергија и најчесто се закачува на врати или се носи како привезок.




3. Бесконечен јазол
Јазолот е фенг шуи симбол кој се користи за продолжување на сите добри работи, бидејќи се смета за едно од осумте богатства на Буда.
Доколку сакате да користите мистичен или бескраен јазол, обидете се да го поставите во југозападниот дел од вашиот дом, спална соба, канцеларија или дневна соба и на тој начин да ги подобрите сите ваши односи. Можете да го носите и како накит, привезок или да го ставите во паричникот.






