Ова е рецепт за џем од тиква, кој сигурно не сте го пробале досега.




Состојки:
- 3 кг тиква
- 1800 грама шеќер
- 1 лимон
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
Подготовка:




Измијте ја, излупете ја и исчистете ја тиквата од семките за да останат приближно повеќе од 2 кг чисто овошје. Се сече на коцки и во шерпата се редат ред шеќер и ред овошје. Оставете да отстои 2 часа.
Гответе на средна топлина и повремено отстранувајте ја пената. На половина од готвењето, додадете сок од лимон и прстени, како и ванилин шеќер.




Џемот е готов кога смесата кога се истури на ладна чинија не се слива, туку се збрчкува. Топлиот џем истурете го во чисти тегли, затворете го и затоплете го.


