Оваа терапија со чај од коприва трае еден месец!




Лековитите својства на копривата се познати со векови, а во народната медицина се препорачува за болки во мускулите и зглобовите, како и за лекување на уринарни проблеми и ублажување на анемија.
Терапијата на замор со чај од коприва се спроведува четири недели. Чајот се подготвува така што една лажичка листови од коприва се потопува во 2 дл зовриена вода и се остава да отстои 5 минути.




Чајот треба да се цеди и да се пие во голтки во текот на денот на следниов начин: првиот ден 1 шолја чај, вториот ден 2 шолји, третиот 3 шолји и така седум дена. После тоа, секој ден треба да пиете една шолја помалку чај од претходниот ден.
Повторете ја постапката и после тој месец направете пауза од две недели по што можете повторно да пиете по истиот распоред. Ако слабоста исчезнала, можете да продолжите со една шолја дневно во следниот месец.






