Колку често треба да се пере шалот и како правилно се третираат ткаенините од кои е направен?




Зимските шалови се омилен моден додаток за студените денови, но треба да имате предвид дека лесно можат да станат почва за бактерии, бидејќи често се носат.
Бактериите кои се акумулираат на нив можат да предизвикаат здравствени проблеми како што се иритација на кожата на лицето или вратот, појава на мозолчиња или респираторни алергии.




Обрнете повеќе внимание на оваа облека. Размислете за шминката, пот, мрсна кожа, остатоци од парфем кои се таложат околу вратот – предупредува дерматологот Корин Фипс и потсетува дека капите, шаловите и ракавиците треба да се перат три до пет пати во текот на зимската сезона.
Различни материјали
Шалот од кашмир е најбезбедно да се испере на рака, но така што на крајот да не го цедите силно и да не го закачувате на жица, туку да го раширите на крпа.




Памучниот шал може да се пере на температура од 30 до 40 степени со благ детергент. Избегнувајте сушење во машина за сушење облека бидејќи може да имате проблеми со пеглањето.
Шалот од синтетика се пере на максимална температура од 40 степени, како и останатата облека од овој материјал, бидејќи најбрзо ги впива непријатните мириси при носење.




Волнениот шал треба да се пере рачно во ладна вода со благ детергент, или ако имате програма за волна, можете да го ставите во машината за перење. Исушете го само на воздух.


