Еве како лесно да го исчистите аспираторот без страв дека ќе ги оштетите филтрите.




Последниве недели имаше големи празници, Нова Година, Божиќ, а сето тоа не може да помине без кулинарски деликатеси. Шпоретот работеше со полна брзина, па домаќинките сега ги очекува големо чистење, за по празниците се да се врати во првобитната состојба.
Еден од уредите што го погоди испарувањето е аспираторот, на кој нечистотијата и маснотиите се таложат брзо и лесно, а топлината на која е изложен доведува до сушење на нечистотијата и отежнато чистење. Со конкретни трикови ништо не е невозможно.




Ќе ви биде потребно:
- вода
- чаша сода бикарбона
- подлабок послужавник
Постапка:
Истурете 2-3 литри вода во сад и оставете да зоврие, а за тоа време извадете ги филтрите од аспираторот. Подгответе доволно голем сад или послужавник што може да го собере целиот филтер.




Истурете вода што врие во садот, додадете шолја сода бикарбона и натопете го филтерот за аспиратор. Ефектот ќе почнете да го забележувате веднаш, бидејќи маснотиите ќе почнат да се одвојуваат, раствораат и излегуваат на површината на водата.
По неколку минути натопување, извадете го филтерот, измијте го со детергент и топла вода. Постапката повторете ја и со другите филтри, а можете да ја применувате од време на време, бидејќи сигурно нема да ги оштети.






