Оваа погача сигурно не сте ја пробале досега. Сите сакаме домашен леб бидејќи тој мирис не враќа во некои безгрижни и убави времиња.




Претежно домаќинките месат леб по некој од нивните рецепти. Рецептот што ви го пренесуваме подолу е малку поинаков, прво поради употребеното пченкарно брашно, а потоа и поради премазот на лебот.
Потребни состојки:
- 400 гр пченкарно брашно
- 100 гр бело брашно
- 1 лажица сода бикарбона
- 1 шолја кисело млеко + уште малку за прелив
- 1,5 лажици сол
- вода по потреба




Начин на подготовка:
Измешајте го брашното и направете вдлабнатина во која ќе ги додадете останатите состојки. Тестото замесете го со раце и ставете го во соодветен сад за печење.
Се пече на 200 степени. По 15 минути печење, посипете ја (премачкајте ја) погачата со смеса од кисело млеко, ладна вода и сол, па повторно печете додека не е готова.






