Ви предлагаме старински рецепти за облоги од свинска маст, кашлица и болки во белите дробови.




Старинските домашни аптеки отсекогаш имале бројни природни лекови против кашлица, а меѓу нив секогаш била и свинската маст, „премиена“ во девет води.
Имено, домаќинките специјално ја подготвувале маста за лекување, така што одвојувале една количина после топењето и темелно ја миеле.




На една лажица маст се додава половина чаша ладна вода, се промешува со дрвена лажица десетина секунди, се остава да отстои малку, па се одлива водата од површината.
Постапката се повторува девет пати и на тој начин се добива посебна бела маст. За заболените бели дробови се користи на неколку начини.




Кај децата може само малку да се загрее, па да се намачка на градите, да се покрие со газа и фолија, а потоа да се облече детската маица и пижами. Треба да се спие така, а целата постапка може да се повтори следната вечер.
Кај постарите, кожата најпрво може да се намачка со измиена маст, а потоа да се нанесе облога од смиљ. Исто така, треба да ја загреете личноста и да ја оставите да преспие така.




Според третиот старински рецепт, измиената маст може да се помеша со малку ракија, па со оваа смеса натопете ја облогата.
Се верува дека маста ги смирува воспалителните процеси и ја „извлекува“ температурата, а поборниците на народната медицина ја препорачуваат и при воспаление на синусите, хемороиди и мозолчиња на кожата.






