Сенфот е омилен намаз на многумина, но неговите лековити својства не се толку познати.




Благодарение на етеричното масло кое делува против микробите, како и витамините и минералите во неговиот состав, синапот и сенфот се многу корисни за здравјето и се препорачуваат за време на диетата.
Додадете синап во сенфот и уживајте во сите благодети. Овој намаз за имунитет се подготвува од семе од синап, растение познато по благотворното дејство за здравјето уште од времето на старите Римјани. Со мелење на ова семе добива кисел, а потоа пикантен вкус.




Од брашното од синап може да се направат лековити премази кои се користат во случај на бронхитис, но не смее да се чува долго на кожата, бидејќи може да предизвика дури и изгореници.
Најмоќната состојка на сенфот е неговото етерично масло, кое силно делува против бактериите и другите микроорганизми. Затоа се користи за конзервирање на храната, а на домаќинките најмногу им е позната употребата при подготовка на туршија и кисели краставички.




Сенфот е богат со витамин Е, содржи магнезиум, цинк и железо и е добар извор на калциум, фосфор и калиум. Како добар извор на овие важни хранливи материи, особено се препорачува на сите кои се на диета.


