Со ова средство за чистење, вашата кујна секогаш ќе блеска.




Лушпите од јајцата обично се фрлаат, но откако ќе го прочитате ова ќе се предомислите. Имено, тие можат да ни помогнат да ги отстраниме тврдоглавите дамки на работната површина во кујната. А еве како да подготвите средство за чистење.
Потребни состојки:
- Лушпи од јајца
- 2 лажици детергент за миење садови




Подготовка:
Измелете ги лушпите од јајцата и измешајте ги состојките со детергент за миење садови. Добиената смеса нанесете ја на површината што сакате да ја исчистите и добро истријте. На крајот исплакнете како и обично.


