Спалната соба е местото каде што го започнуваме секој ден, па според фенг шуи многу е важно енергијата што тече низ неа да тече непречено.




Рамнотежата и хармонијата се главните принципи на фенг шуи, особено кога станува збор за ентериерите на домот. Како се чувствувате може да биде последица на одредени делови од куќата, кои содржат работи на кои не им е местото.
Така е и со спалната соба, особено ако сте нервозни или исцрпени, па препорачливо е да ги примените овие три едноставни правила на фенг шуи.




Исфрлете ја работата од собата
Спалната соба е место за опуштање, а се што ве потсетува на работа може да ви ја наруши рамнотежата. Затоа, се препорачува компјутерот, хартиите и се друго што е поврзано со работата да ги преместите во друга просторија.
Меѓутоа, ако немате просторија во која можете да ја преместите канцеларијата, тогаш визуелно одвојте го тој дел од просторијата – со завеса или полица што ќе ве спречи да гледате кон работниот дел од просторијата.




Исчистете го просторот под креветот
Доколку акумулирате непотребни работи под креветот, според принципите на фенг шуи, тоа ја блокира енергијата, што може да предизвика проблеми со спиењето.
Единствените работи што можете да ги чувате под креветот се работи поврзани со спиењето, како постелнина, јоргани или пижами.




Чист ѕид
Ѕидот што првпат ќе го видите кога ќе се разбудите треба да биде чист, бидејќи е симбол на енергијата со која го започнувате денот. Покрај тоа, не се препорачува да се чува огледало на ѕидот пред креветот.


