За јаболките знаете дека го намалуваат шеќерот, но и чајот од камилица е исклучително корисен.




Добро е познато дека чајот од камилица е смирувачки и доволно е да ставите кесичка изладен чај на очите и повеќето инфекции ќе исчезнат. Засладениот чај од ова растение ги поправа дигестивните проблеми.
Сепак, дали знаевте дека камилицата го намалува шеќерот? Резултатите од студијата во која учествувале 64 лица со дијабетес, покажале дека чајот од камилица може да го намали нивото на шеќер во крвта.




Имено, дијабетичарите кои пиеле чај од камилица секој ден во период од осум недели имале значително пониски вредности на гликоза во крвта од оние кои пиеле само вода.
Причината е што чајот од камилица има антиинфламаторно дејство на панкреасот и го спречува оштетувањето на неговите клетки. Баш здравиот панкреас е одговорен за доволни количини на инсулин кој го регулира шеќерот во крвта.






