Ова се обичаите и старите верувања на Тодорова сабота наследени од нашите предци!




Тодорова сабота е празник кој се празнува за време на Велигденскиот пост и е посветен на Светиот великомаченик Теодор Тирон, чиј ден оваа година се празнува на 4 март.
Во сабота всушност се одбележува споменот на неговото појавување на епископот Евдоксиј, првата сабота од првата недела од Великиот пост.




За овој празник уште од нашите предци се поврзуваат различни обичаи, а порано најчесто се поврзувале со животните, особено со коњите. Се верува дека Теодор Тирон јавал куци коњ, а понекогаш на овој ден се организирале коњски трки или се јавале и покажувале коњи.
Бидејќи празникот се поврзува со коњи, на овој ден во водата за капење се ставале потковици, но се месел и колач (леб) со украси во форма на коњи и потковица – се сметало дека привлекува среќа.




Во некои краеви кај нас постои обичај за овој празник да се подготвува пченица, која инаку се подготвува за слава. Но, покрај сите обичаи, најважно на овој празник е развивањето на духовноста преку молитвата, љубовта во срцето и негувањето на внатрешниот мир.


