Еве кои афирмации одговараат на секој од хороскопските знаци и кои треба да ги кажат во март за да ги остварат своите желби и цели.




За полесно да ги постигнеме нашите цели и соништа, треба да веруваме во себе и во своите способности. Афирмациите можат многу да ни помогнат.
Позитивните и инспиративни мисли имаат влијание врз нашата психа, ни помагаат да се чувствуваме подобро, нè поттикнуваат на нашиот пат, даваат поддршка кога е тешко и кога негативните мисли и сомнежи се обидуваат да нè спречат или дури и да не натераат да се откажеме.




Ако ги практикуваме секој ден, кажувајќи ги гласно, барем три пати наутро и навечер пред спиење, ќе си обезбедиме нова, силна енергија. Ќе се чувствуваме подобро, ќе имаме повеќе мотивација, ќе знаеме дека можеме да постигнеме се што сакаме.
Како што сите сме различни и единствени, така и афирмациите не се исти за секого.
Еве кои афирмации треба да ги кажат хороскопските знаци до крајот на март доколку сакаат да си ги остварат своите желби и цели:




Овен
Ваша афирмација: Јас сум добар, вреден сум, ценет сум, заслужувам добри работи.
Бик
Ваша афирмација: Јас сум силен, имам контрола, сигурен сум.




Близнаци
Ваша афирмација: Имам среќа, денес сум отворен за нови предизвици.
Рак
Ваша афирмација: додека го ослободувам минатото и живеам само во сегашноста, верувајќи дека сите мои потреби се исполнети, лесно се проширувам во возбудливи насоки.




Лав
Ваша афирмација: Јас водам, ги штитам другите, јас сум добар пример.
Девица
Ваша афирмација: Јас сум љубезен, ценет, правам добри и благородни работи во мојот мал свет.




Вага
Ваша афирмација: Мудар сум, ги гледам проблемите и храбро се соочувам со нив. Ја споделувам мојата мудрост.
Скорпија
Ваша афирмација: Јас сум храбар, можам се во животот, им помагам на другите да го сторат истото.




Стрелец
Ваша афирмација: Слободен сум, можам да правам што сакам, си го сакам животот.
Јарец
Ваша афирмација: Имам инспиративни цели, одлучен сум, ќе успеам.




Водолија
Ваша афирмација: Го гледам она што другите не го гледаат, иновативен сум, постојано се стремам кон напредок.
Риби
Ваша афирмација: ценет сум, сакан, го правам овој свет поубаво место.






