Сумакот е зачин кој е многу популарен во ориенталната кујна, а покрај својата арома е познат и како многу лековито средство, богато со антиоксиданси.




Ако сакате ориентална кујна, сигурно во нивните јадења сте го осетиле вкусот кој подсеќа на лимон. Оваа специфична арома на горчлив вкус ја дава зачинот наречен сумак.
Освен што му дава специфична арома, го подобрува и вкусот на другите зачини, како и на состојките кои се подготвуваат. Растението расте на висорамнините во Медитеранот, многу се одгледува во Турција, Иран, Либан, Сицилија.




Кога созреваат, бобинките од сумак се сушат и се мелат во црвеникав прав, по што го добиле и името. Како зачин најдобро оди со месо, на пример со ќебапи, риба, супи, јогурт, како и со зеленчук, на пример со кромид како предјадење.
Може да се додаде и во освежителни пијалоци на база на овошје. Некои истражувања покажуваат дека овој зачин е богат со антиоксиданси, поточно дека содржи повеќе од овие соединенија отколку многу познати видови на зеленчук и овошје.




Силните антиоксидантни својства кои се борат против слободните радикали, воспалителните процеси и оксидативниот стрес главно се припишуваат на полифенолите како што се антоцијаните и другите флавоноиди, како и танините.
Покрај тоа што го спречува воспалението и го зајакнува имунитетот, постојат некои индикации дека сумакот помага во намалување на шеќерот во крвта и високиот холестерол.




Кога се користи во форма на цели зрна, т.е. бобинки – има позитивен ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем. Познато е дека уште во римско време овој зачин се користел како диуретик, за подобрување на функцијата на бубрезите и како средство против надуеност.


