Тест кој најбрзо бил решен за 15 секунди – дали можете побрзо да ја пронајдете пеперутката на сликата!




Божурот е симбол на љубовта, цвет на опојни мириси кој секогаш буди нежност и не потсетува на некои драги луѓе и прекрасни моменти. Сепак, цвеќињата на сликата погоре може да ве поттикнат да размислувате и да вежбате фокусирање.
Овој тест изгледа едноставен – потребно е да најдете пеперутка во цвеќињата. Сепак, ќе мора добро да се задлабочите и да се фокусирате за да видите пеперутка со иста боја во мноштвото прекрасни цвеќиња.




Компанијата Hopes Grove Nurseries ги предизвика корисниците на социјалните мрежи да ја пронајдат пеперутката, а според авторите на тестот, во просек се потребни околу 15 секунди за да се реши. Дали го соборивте рекордот?
Ако ви треба помош, обидете се внимателно да ги погледнете формите на ливчиња на секој цвет. Доколку сè уште не сте нашле пеперутка, погледнете го решението на сликата подолу!







