Дознајте што ви предвидува хороскопот за викендот од 20 до 22 мај за вашиот хороскопски знак!




Овен
Месечината во Водолија ќе го осветли вашиот сектор на пријателство, а помеѓу лунарниот тригон со Меркур и спојот на Сонцето со Меркур, ќе имате многу да им кажете на пријателите, се што ви паѓа на ум!
Ќе почувствувате огромна количина на енергија поттикната од секстил помеѓу вашата владејачка планета, Марс и Плутон во недела навечер. Препорачливо е да ја користите мудро. Најдобро би било да им помогнете на другите, но и да направите нешто добро за себе.




Бик
Месечината во Водолија ќе ви го расветли секторот на кариера, што ќе донесе многу професионални можности. Секстилот помеѓу вашата владејачка планета, Венера и Месечината, ви носи шарм, инспирација, безгранична имагинација и романтично расположение во сабота.
Не дозволувајте квадратот помеѓу Месечината и Уран да ви го наруши денот. Спојот помеѓу Сонцето во Близнаци и Меркур во вашиот паричен сектор ви носи многу просперитетни идеи и планови, како и добри идеи.




Близнаци
Големата вест за вас овој викенд е спојот помеѓу вашата владејачка планета Меркур и Сонцето во Близнаци. Толку многу енергија, ентузијазам и љубопитност тече низ вашите вени што можеби ќе имате потешкотии да одлучите што да правите со нив и како да канализирате толку многу енергија.
Месечината во Водолија е во хармонија со енергијата на вас Близнаците, па немате друг избор освен да се забавувате и да земете што повеќе луѓе со себе.




Рак
Месечината во Водолија ги стимулира вашите интуитивни и психички способности, а поради влијанието на квадратот со Уран во сабота наутро, можете да се чувствувате како да сте на работ на нервите.
Најдете време ако ви треба и не се присилувајте да правите нешто што не ви одговара. Месечината во Риби во недела доаѓа како олеснување, па ќе почувствувате потреба да се опуштите и да се забавувате.




Лав
Сакате да бидете во центарот на вниманието, а со вашата владејачка планета, Сонцето, во спој со Меркур во Близнаци во вашата куќа на пријателството, веројатно ќе има многу забава и прослави во чиј центар ќе бидете вие.
Месечината во водолија во вашата партнерска куќа ве потсетува дека врската треба да се одржува и негува, исто како што се негува цветот. Посветете му се на партнерот, покажете дека се грижите.




Девица
Месечината во водолија во петок и сабота ве потсетува да се грижите за себе, особено психички, бидејќи сте исклучително чувствителни и можете да се оптоварите со повеќе обврски отколку што можете да поднесете.
Не е срамота да се одмори, тоа е неопходно. Месечината во Риби во недела го насочува вашето емотивно внимание кон саканата личност и кон вашата врска. Кога последен пат сте му приредиле изненадување на партнерот?




Вага
Месечината во Водолија во петок и сабота ја зголемува вашата креативност. Секстилот на вашата владејачка планета, Венера, разгорува страст кај огнениот Овен, која особено ќе му биде пријатна на вашиот партнер.
Во текот на неделата фокусот од партнерот ќе го префрлите на себе и вашите потреби, ќе работите на анализа на емоциите и односите со себе.




Скорпија
Ќе бидете најмногу погодени од врската помеѓу вашата владејачка планета, Плутон, и Месечината во петок наутро. Овој транзит ќе ве направи пречувствителни, затоа планирајте ги вашите потези паметно.
Месечината во Водолија ве инспирира да работите на проекти низ куќата, да реновирате, а спојот помеѓу Плутон и Марс ви го носи потребниот наплив на енергија.




Стрелец
Месечината во Водолија во петок и сабота, а особено секстилот на вашата владејачка планета Јупитер, ве исполнува со оптимизам и добро расположение. Месечината во Риби го осветлува огништето и домот, ќе им се посветите на саканите како што не сте долго време.
Најдобро од се, спојот помеѓу Сонцето и Меркур во Близнаците во седмата куќа ќе влијае на подобрување на односот со партнерот, ќе отворите некои теми за кои долго време не сте разговарале.




Јарец
Месечината во водолија бара да внимавате на финансиите овој викенд, а спојот на Сонцето и Меркур во Близнаци во вашиот сектор за вработување го забрзува раѓањето на секакви идеи и можности за зголемување на вашето богатство.
Во недела контактирајте со луѓе со кои долго време не сте се слушнале, обновете ги врските кои порано беа многу силни.




Водолија
Месечината во Водолија во петок и сабота ја осветлува вашата прва куќа, зголемувајќи ја вашата чувствителност и интуиција.
Квадратот со вашата владејачка планета Уран може да влијае на вашата раздразливост, ќе бидете импулсивни, па земете длабок здив и обидете се да останете смирени, што и да се случи. Насилните реакции можат само да направат штета.




Риби
Месечината во Водолија ја поттикнува вашата потреба за интросекција, сакате да ги толкувате знаците, вашите соништа… Астролозите ве советуваат да се свртите кон медитација.
Месечината во Риби во недела ви носи многу повеќе самодоверба и самопочит, а секстилот помеѓу Марс во Риби и Плутон во Јарец енергија и амбиција ви се потребни за да ги постигнете вашите цели.






