Денеска се одбележува денот на јавувањето на чесниот крст во Ерусалим




Во времето на царот Констанса, синот на свети Константин, и патријархот Ерусалимски Кирил, се појавил во девет часот наутро. Светиот крст над Голгота се протега до над Елеонската Гора. Тој Крст бил посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито.
Сите луѓе, верни и неверни, ги напуштиле своите работни места и во страв и восхит го гледале тој небесен знак. Многу неверници се обратиле во Христовата вера, а исто така и многу еретици ја напуштиле својата зла ерес и се вратиле во православието.




Со ова чудесно појавување на крстот кое се случило на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци.
Обичаи
Според народните обичаи, денес треба да погледнете во небото во доцните вечерни часови, а ако видите четири ѕвезди, поставени така да формираат крст, желбата ќе ви се исполни.






