Напитокот од лимон, лук и мед конзумирајте го секој ден.




Лукот не се користи само за готвење, туку долго време е познат како природен лек кој помага при настинки и грип, но и го намалува ризикот од развој на дијабетес и кардиоваскуларни болести. Особено богат со витамин Ц, Б6 и калиум.
Покрај тоа, содржи витамини А, К, фолна киселина и многу минерали како што се железо, магнезиум, фосфор, цинк и селен. Лимонот е полн и со витамин Ц, но и со влакна и разни корисни растителни соединенија.




Ова овошје го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, а влијае и на слабеење, анемија… Третата состојка во овој еликсир е медот, кој има и различни лековити својства. Помага при алергии, несоница, кашлица, затнат нос…
Кога ќе ги комбинирате овие три намирници, добивате моќен природен напиток кој ќе ви помогне да решите многу проблеми.




Потребни состојки:
- 4 глави лук
- 6 парчиња лимон
- 200 гр мед
Начин на подготовка:




Изчистете го лукот и издвојте ги чешнињата. Лимонот прво убаво измијте го со сода бикарбона, па исечете го на кришки. Сомелете ги и лукот и лимонот, па измешајте со мед. Смесата сипете ја во тегла и оставете ја недела и пол на топло и темно место.
После тоа можете да го користите. Промешајте една лажица во 50 ml вода и пијте 15 минути по јадење. Исто така, се препорачува да се пие повеќе вода. Детално како изгледа подготовката на овој еликсир погледнете подолу во видеото!






