Кои 3 здравствени проблеми ги предизвикува стресот – вака на организамот влијае постојаната нервоза и напнатост!




Во нашето напорно секојдневие често се соочуваме со стресни ситуации, напнати сме, нервозни…
Стресните предизвикувачи се насекаде околу нас, па затоа е важно постојано да работиме на нашиот внатрешен мир, емоционална рамнотежа, да се консултираме со експерт кога има потреба и да се однесуваме со повеќе нежност.




Освен што негативно влијае на менталното здравје, стресот може да предизвика и негативни промени во физичката состојба на телото. Еве 3 здравствени проблеми кои може да ги предизвика стресот:
1. Недостатоци на витамини и минерали – Здравата и урамнотежена исхрана е неопходна за вашето тело да има доволно хранливи материи.




Сепак, стресот осиромашува многу од минералите и витамините што му се потребни на вашето тело за да функционира, намалувајќи ја вашата способност за варење на хранливите материи што ги внесувате.
Без соодветно варење и апсорпција, не можете да ја претворите храната во енергија што ви е потребна за да продолжите.




На пример, магнезиумот, минерал неопходен за регулација на нервниот систем, здравјето на мускулите, крвниот притисок, спиењето и синтезата на протеините, е еден од минералите кои најмногу се исцрпуваат од стресот.
Исто така, витаминот Б, кој помага во создавањето ензими неопходни за варење и формирање на нови црвени крвни зрнца и за многу други функции во телото, може да биде нарушен од прекумерниот стрес.




Кај многу луѓе под стрес се зголемува апетитот, се успорува метаболизмот, имаме зголемена желба за слатки и нездрава храна… Затоа во стресни ситуации важно е да внимаваме каква храна консумираме , што внесуваме во нашето тело и внимавајте на количината.
2. Замор на надбубрежните жлезди – Ако сте постојано поспани и исцрпени, тешко станувате од кревет, уморни сте дури и кога спиете доволно, поради тоа сте раздразливи и нервозни.




Стресот може негативно да влијае на квалитетот на сонот, да предизвика несоница, но и да ве натера да се чувствувате уморни и по добар сон.
Постојаното чувство на замор е поврзано и со надбубрежната жлезда која ни помага да се справиме со стресните ситуации, но доколку сме постојано нервозни почнува да лачи хормони како кортизол (хормон на стрес) и адреналин.




Организирајте го вашиот распоред, најдете начин да се посветите на себе и на вашите потреби и не заборавајте да се одморите и опуштите. Секогаш имајте време за себе!
3. Болести на црниот дроб, жолчното кесе и желудникот – Во контакт со стрес, гнев, фрустрација, неодлучност, огорченост и неможност да преземете поголема одговорност, вашите органи можат да бидат загрозени.




Болести кои често се јавуваат како последица на стрес се гастритис и чир на желудникот. Постојаната изложеност на стрес носи дигестивни проблеми, а потоа лошо влијае на телото во целина.


