ГРЧКA ПИТА ОД ТИКВИЧКИ СО ЈОГУРТ И ФЕТА – БЕЗ КОРА И ЈАЈЦА: Јадете ја топла и прелијте ја со лажица кисела павлака!

Рецепт за грчка пита со тиквички – лесно се прави, а најдобро е да се јаде со кисела павлака додека е уште топла!

Aко сакате да јадете тиквички , не треба само да ги пржите или поховате, питата направена од оваа омилена летна храна е феноменална. Лесно се подготвува и не ви се потребни кори, а посебна сочност и дава грчкиот јогурт.

Лесно се подготвува по традиционален грчки рецепт, а кога ќе ја послужите топла, одозгора можете да додадете една лажица кисела павлака или парчиња домати.

Заситен појадок, вечера или мезе кое вашето семејство повторно ќе го побара. Една од состојките е фета, а по желба и вкус можете да додадете козјо сирење како опција.

Потребни состојки:

  • кромид
  • 1/2 чаша маслиново масло
  • 4 тиквички
  • млад кромид
  • неколку листови свежо нане
  • 4 јајца
  • 1 чаша грчки јогурт
  • 300 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 200 гр фета сирење
  • 100 гр козјо сирење (по избор)
  • павлака, домати (по избор)

Начин на подготовка:

Кромидот и маслиновото масло ставете ги во блендер и матете додека не добиете единствена смеса. Тиквичките се рендаат, па се додаваат исечканиот млад кромид, изматените јајца, нането, јогуртот, брашното, фетата, сирењето, прашокот за пециво и козјото сирење по желба.

Се убаво измешајте за да се соедини смесата. Потоа во смесата со тиквички додадете ја првата смеса од кромид и маслиново масло.

Намачкајте плех со маслиново масло, па рамномерно распоредете ја смесата за пита. Врз неа прелијте уште малку маслиново масло. Се пече во рерна на 180 степени околу 40 минути. Уживајте!

 

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...