Несоницата е проблем со кој се соочуваат многумина, а особено е честа после 50-тата година од животот. Внимавајте на вашите навики – оваа храна лошо влијае на сонот, па затоа треба да ја исфрлите навечер.




Несоницата е проблем кој ги погодува луѓето од различни возрасти – помлади и средовечни, најчесто кога се под стрес, додека проблемите со спиењето се зголемуваат со возраста и менопаузата.
Кое е решението? Не можете да ја промените вашата возраст, но можете да ги промените вашите навики. За почеток, анализирајте ја вашата исхрана.




Која храна ја јадете најчесто и во кое време? Како се чувствувате после јадење? Колку време ви треба за да заспиете? Многу храна која е богата со протеини и масти бара многу време за варење, особено ако оброкот е обилен.
Тоа значи дека нема да можете да спиете долго време, па затоа навечер не треба да јадете месо и риба, пржена храна, зачинети јадења кои ја зголемуваат телесната температура и го отежнуваат заспивањето.




Исто така, не се препорачуваат преработени јаглехидрати во форма на тестенини, тесто, колачи и слично.
Што се препорачува?
Лесна ужина пред спиење може да ви помогне да станете поспани, особено ако храната го содржи природниот хормон мелатонин, кој го предизвикува сонот, тоа може да бидат неколку бадеми, мала чинија житарки со обезмастено млеко или јогурт, порција бланширан зеленчук…






