Сите кои имаат привилегија да уживаат во градината знаат колку значи оваа зелена оаза. Затоа е убаво да ја збогатите за да изгледа што поубаво. Ви даваме предлог како да направите цветен аранжман од теракота саксии.




Пристигна пролетта, а со неа и убавото сончево време кое сакаме да го поминеме што повеќе на отворено за да се опуштиме, медитираме, да се ослободиме од стресното секојдневие…
Доколку имате двор со градина, веројатно веќе размислувате за засадување цвеќиња и аранжмани кои ќе ја збогатат зелената оаза. Ви носиме идеја која е практична, многу декоративна и корисна бидејќи е мултифункционална.




Имено, обидете се да направите мала вертикална цветна алеа и хранител за птици. Ќе ви требаат 5 саксии од теракота со различни големини, една метална шипка (на пример парче арматура), еден држач за саксија (со големина на најмалата саксија), силиконски лепак и секако цвеќиња.
По желба можете да ги обоите саксиите или да ги оставите во оригиналната боја на глина. Прво, одредете каде сакате да ги ставите саксиите.




Наместете ја металната шипка длабоко во земјата, а потоа ставете ја првата, најголемата саксија на неа, низ дупката на дното и наполнете ја со земја. Над неа се става уште една саксија, само малку навалете ја на страна и исто така наполнете ја со земја.
Доколку е потребно, можете дополнително да ги проширите дупките во саксиите за да можат саксиите да стојат под агол. Третата ставете ја преку втората саксија, но овој пат залепете го со силиконски лек по работ од саксијата долу.




Постапката повторете ја додека не стигнете до петата саксија. Со помош на силиконски лепак поставете ја да стои исправено, а потоа ставете подлога.
Истурете семиња, трошки, парчиња овошје таму и направете хранилник за птици. После тоа, засадете цвеќиња во саксиите по желба. Деталната процедура погледнете ја во видеото подолу:




@nifty my feeder brings all the birds to the yard 🐦 #diy #birdfeeder #garden #decor


