Некои лековити растенија кои можеме да ги одгледуваме на тераса или во градината се користат за лекување на одредени заболувања, додека други имаат генерално позитивно влијание врз нашето здравје доколку се користат редовно.




Алое вера е тревно, древно растение, кое уште од античко време е познато како еликсир на младоста поради неговите лековити ефекти. Се смета за едно од најмоќните растенија, затоа се нарекува кралица на лековитите растенија.
Позната е по своите благотворни ефекти врз кожата, а поради безбедноста за употреба и можноста да се јаде свежа, алое верата долго време е едно од најпопуларните растенија што може да се најде на голем број тераси и цветни градини.




Поради нејзините исклучително силни лековити својства, таа се споменува уште во 2200 година п.н.е. на некои месопотамиски табли. Ова растение содржи густа бела течност, односно млеко или сок од растението, кое лекарите го користеле уште во 4 век п.н.е.
Исто така е успешен стимуланс во зајакнувањето на имунолошкиот систем, како форма на превенција во борбата против разни болести како што се псоријаза, астма, епилепсија и рак.




Ова растение исто така игра голема улога во детоксикација на телото по употреба на наркотици, алкохол или други отрови и намалување на различните видови на болка.
Помага во борбата против вирусни, бактериски и габични заболувања. Одличен козметички препарат за нега на кожа и коса, како и препарат кој помага при слабеење.




Желатинозната, безбојна пулпа од зрелените лисја може да се нанесе на исеченици и изгореници, како и на сува, испукана или оштетена кожа. Добро хидрира, има антиинфламаторно дејство и благо антимикробно дејство.
Може дури да се јаде. Редовното конзумирање спречува запек и решава бројни дигестивни проблеми, вклучувајќи улцеративен колитис и синдром на нервозно дебело црево.




Алое вера е идеален избор за сончеви и топли места. Припаѓа во групата на кактуси, добро поднесува суша и не бара често наводнување или многу грижа, а успева и на неквалитетна почва.
Се шири спонтано, па можете да започнете со само едно или две растенија, кои подоцна сами ќе продолжат да се размножуваат.



