Позитивни афирмации за јануари 2023 година – зборови кои мотивираат, инспирираат и носат среќа!




Афирмациите можат да ви помогнат да го промените вашиот начин на размислување и да се фокусирате на позитивното гледиште за себе и за вашиот живот за да привлечете повеќе изобилство, среќа и убави искуства. Јануари е симбол на почетокот, првиот месец од годината кој е проследен со празници и добра енергија.
За да поттикнете добри вибрации и одлично расположение во јануари, обидете се да вежбате афирмации. Со кажување афирмации ја зајакнувате вашата самодоверба, волја и мотивација. Еве кои можат да ви донесат среќа во јануари:




Секој ден мојот живот станува се подобар и подобар во секој поглед.
Јас сум апсолутно здрав и среќен.
Секој ден внесувам изобилство и просперитет во мојот живот.
Мојот живот ми дава мир и доверба во иднината.
Мојот живот е хармоничен. Јас сум во склад со животот.
Јас создавам и привлекувам најдобри можности за себе.
Си дозволувам да живеам, сакам и уживам во животот.
Во моментов, мојот живот магично се менува на подобро.




Живеам во атмосфера на среќа, успех и просперитет.
Секој ден одам смело и лесно кон своите цели.
Моето идеално тело е во одлична физичка форма.
Секој ден станувам поздравa, поубавa и попривлечнa.
Моето тело е здраво, полно со виталност и сила.
Полна сум со желба да живеам, да сакам и да создавам.
Секој ден ми дава сила и енергија.
Отворена сум за нови можности и подготвена да постигнам нови цели.




Моите мисли привлекуваат среќа и просперитет во мојот живот.
Имам многу инспирација, мотивација и волја што ми помага да постигнам се што сакам.
Секој ден имам избор. И избирам успешен и среќен живот.
Сè во мојот живот станува се подобро и посреќно секој ден.


